Зоран Заев МОЖЕШЕ но ништо не направи за младите во Македонија. Тој ги изневери младите, особено оние кои ги манипулираше да одат на протести во 2016 –та година, па уште и ги пцуеше. Етер колку овој човек мисли за младите. Тој мисли само за своите бизниси и за оплодување на своите милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што го вети во 2016 година не го реализраше. Нема ништо од студентските градови во Скопје, Тетово, Штип и Битола, нема ништо од ветеното загарантирано вработување по завршеното образование, младинската гаранција која бомбастично ја најави нема никаков ефект.

Но затоа торби со изрекетирани милиони евра фрчат низ државата и според сведоштва завршувале кај него и кај неговиот брат. 140 илјади млади живеат во сиромаштија, над 80 % од младите сакаат да заминат од Македонија, а голем дел од нив веќе го направија тоа, природниот прираст  е негативен, се помалку деца се запишуваат во училиштата и факултетите.

Се дури Заев е на власт нема иднина за младите во Македонија. Затоа тој мора да биде поразен. Затоа граѓаните, а особено младите масовно даваат поддршка на Обновата, затоа што со ВМРО-ДПМНЕ гледаат иднина и напредок во Македонија.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“- велат од партијата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.