Заев мора да знае дека неговата кариера е неважна кога 14 луѓе изгореа живи. Држењето за фотелја по секоја цена покажува дека Заев е личност без основни принципи и вредности, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека не е доволно што Филипче дава предлог за негова оставка. Треба Заев веднаш да ја прифати, и веднаш потоа и самиот да си поднесе оставка.

Само кога Филипче, Груби и Заев нема да бидат на функции ќе може да се изврши непристрасна и реална истрага која ќе даде одговор за виновникот за траорната несреќа во Тетово. Заев колку и да се криеш, не можеш да избегнеш од одговорноста за сите загубени животи. Моралната одговорност мора да биде императив за секој политичар. Оставки веднаш, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.