СДСМ и Заев во овие три години целосно заборавија на граѓаните. Криминална власт имаше цел само да се збогатат високите функционери во СДСМ и лицата блиски до нив, соопштуваат од партијата.

Во соопштението се наведува дека заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија Заев ги остави граѓаните без капка вода. Поради него граѓаните ќе имаат проблем со водата за пиење, а на удар ќе бидат и земјоделците.

-Малото количество на вода во езерото Калиманци кое моментално има над 30 милиони метри кубни, е недоволно за земјоделските посеви во околината. За задоволување на потребите на земјоделското производство од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Спореф овој податок фалат 7омилиони метри кубни вода кои власта ги потроши. Поради бизнис интересите на Заев вода нема да имаат ниту оризарите во кочанско. Вода нема да има ни за Овчеполието, ни во Тиквешко, Повардарие, Пелагонија, Струмичко. Негрижата од страна на СДСМ мора да престане. СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката. Да не дозволиме поддршка за криминалот. Да не дозволиме да украдат уште 4 години од нашите животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа обновата на Македонија која ќе се случи по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 12 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.