Она што Зоран Заев и СДСМ велат дека се “реформи” во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Се почна од признанијата на Заев дека “Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас”, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека “позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“.

Она што Заев и СДСМ велат дека се “реформи”, секаде во светот е криминал и попречување на правда.

Зоран Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, но доаѓа времето кога и ќе одговараат за содржината која се открива од нив. Јасно е дека Заев е готов!- тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.