Заев да се откаже од ново национално предавство со Бугарија, народот нема да прифати откажување од јазикот, историјата и идентитетот. Заев да каже што содржи документот кој го договора со Бугарија, зошто молчи и зошто се крие од јавноста? Дали договорот за кој разговара Зарв опфаќа откажување од македонскиот јазик, идентитет и историја? Дали Заев го испратил Бучковски да преговара врз основа на деклараџијата на бугарскиот парламент, што значи откажување од македонската национална посебност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев сам ги изминира македонските позиции, во момент кога како премиер излезе и кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ и дека имаат иста историја. Заев го кажа она што ни најголемите бугарски националисти не го помислиле. Заев треба да знае дека Гоце Делчев е македонски револуционер кој се борел за слободна Македонија. Конечно, Заев треба да сфати дека со понижување нема иднина. 4 години понижувања со Заев, 4 години украден живот. Доста е, посочуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.