Заев да не измислува изговори, СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата без интриги во Собрание. Преговорите со Бугарија треба да се водат единствено откако ќе биде донесена Резолуцијата во Собрание. Заев до сега покажа дека нема кичма и без јасна рамка Македонија е загрозена, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека резолуцијата е резултат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ ОА, и како таква ги штити темелите на јазикот, идентитетот и нацијата.

Доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот Резолуцијата треба да ја прифатат веднаш. Се што ќе биде во насока на минирање на нејзино донесување ќе покаже дека имаат задни намери. СДСМ еднаш нека го стават својот, зад интересот на државата. Доколку и овој пат политизираат штетите по Македонија ќе бидат големи. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе, посочуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.