Од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение порачуваат дека Зоран Заев треба јавно да каже дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да се поништи македонската нацијата.

Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Тоа Заев во минатото јавно неколку пати и го прифатил.

 

Заев јавно кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и дека зборуваат ист јазик. Заев кажа нешто што најголемите бугарску националисти не можеле ниту да го замислат.

 

Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја.

 

Заев ги урна македонските позиции. Тој погази по црвените линии на државата, и сега откако ги сруши позициите глуми преговарач.

 

Заев не е способен да направи било каков договор кој би бил во корист на Македонија. Со Заев имаме 4 години порази, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е! – , се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.