Додека власта се слика на приватната прослава во Крушево, пожар уништува куќи во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево стана драматична ситуацијата со пожарот во Кочани.

– Според последните информации, во Кочани,но и на други низ Македонија пожарите уништуваат имоти на граѓани. Хеликоптерите наместо за екскурзии на министри потребни се за вакви моменти, да се спасат животи и имоти на граѓаните. Според информациите граѓаните на Кочани цел ден молеле да им се испратат хеликоптери и никој од власта не ги послушал. Ако интервенираа хеликоптерите во текот на денот сигурно состојбите немаше да излезат од контрола. Жалиме што развозувањето по настани на Заев е побитно од животите и имотите на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата порачува властите да интервенираат веднаш, да ги мобилизираат сите капацитети и да го спасат градот Кочани, но и другите населени места околу кои беснеат пожарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.