Зоран Заев покажа дека е економски неписмен, а ја води државата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ во однос на денешното интервју на лидерот на СДСМ во Само интервју на Канал 5.

И додека Заев се обидува да биде економист и танцува со короната, народот се обидува да преживее и танцува со растечката сиромаштија. Зоран Заев денес покажа елементарно економско непознавање. Користењето на парите од вториот пензиски столб не значи било какво загрозување на пензиите. Токму таква мерка сега презема Естонија. Тоа што е добро за земја членка на ЕУ не е добро за Заев. Претворањето на благајнички записи во државни обврзници е вишок на ликвидност на банките и не претставува нивно загрозување. Заев очигледно треба да се врати во прва година на Економскиот факултет во Скопје, за да научи некои базични операции“, стои во соопштението на партијата на Христијан Мицкоски.

Од таму додаваат дека додека Заев се смее по емисии, докторите, како што велат, голораки се справуваат со најголемата епидемија на светско ниво по Втората Светска Војна.

„Заев лаже кога вели дека докторите се заштитени со заштитна опрема. 15 отсто од сите заразени од корона се доктори. Наместо облечени во скафандери, со заштитни визири, ракавици и медицински маски, докторите во ек на пандемија имаат ниво на опременост како да одат по доручек. Се ќе беше во ред доколку Заев и владата на СДСМ се грижеа за народот, а не за матни набавки вредни милиони во ек на вирус. Заев мора да одговори кој лови во матно и зошто не се знае ништо за набавката на 50 респиратори“, порачаа од опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.