Власта се плаши од вистината и не сака да се зборува за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.

СДС – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници, се вели во соопштението на ВМРО .

Од партијата прашуваат што сака да сокрие власта?

На овој начин неславното трио Заев – Филипче – Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај?, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.