Македонија има потреба од обнова. Државата три години стагнира, а граѓаните осиромашуваат – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата се обврзуваат за зголемување на платите за 25 отсто и зголемување на пензиите за 20 отсто. Македонија има за сите.

За економски раст потребна ни е развиена инфраструктурна мрежа, затоансе обврзуваме на реконструкција на 1000 километри патишта и 2 милијарди евра инвестиции.
Ќе привлечеме 4 милијарди странски инвестици, од кои 3 големи странски компании ќе дојдат во првите 100 дена.

Се обврзуваме да изградиме над 1000 станови за социјално ранливите категории.
Се обрзуваме на 1000 мерки и проекти, кои ќе влијаат на подобрување на животот на граѓаните, развој на земјата, воспоставување на правмата држава и владеењето на правото.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!- порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.