Утринава во македонското собрание се оствари средба помеѓу претседателите на партиите ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски и Алијанса на Албанците Зијадин Села.

На средбата се разговараше за анализа на изборните резултати од првиот изборен круг, и беше реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг.

На средбата е посочено дека потребни се промени и нова иднина која ја очекуваат граѓаните, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.