Тензично беше денеска во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Топлик“. Сведочеше Анета Јорданова вработена во Министерството за транспорт и врски. Таа била задолжена за попишување на списите од предметот за продажба на градежно земјиште на фирмата „Сан сити“ за изградба на коплексот „Сончев град“.

Таа објасни дека договорот бил раскинат во договор помеѓу Државниот правобранител и фирмата и оти не била направена штета по буџетот на РМ.

Но, на средбата во Владата која се одржала во кабинетот на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски таа трпела закани од државниот правобранител Фахми Стафа, а пак обвинителот Рустеми ѝ појаснувал дека доколку нема побарувања и штета по буџетот, предметот ќе падне.

На Јорданова ѝ побарале да направи прецизирање на имотно-правните побарувања, иако таа не се согласувала со тоа бидејќи во предметот се наоѓале сите докази кои ѝ се потребни на Комисијата за спроведување на јавни надавања.

Таа е јасна дека постои повреда на постапката и оти нема штета во предметот.

Во предметот немаше прекрушување дека е направена штета по буџетот на РМ – јасна е Јорданова.

Но, таа таа трпела притисоци од Кабинетот на Заев дека ќе ја избркаат од работа доколку не достави нов допис во кој ќе наведе дека има штета по буџетот.

На тоа судијата Османи ја праша дали била навистина е избркана од работа, таа рече дека не е бидејќи го потпишала дописот.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ уште во 2018 година укажа на притисоците во Топлик и дека нема материјална штета. 

-Во рацете држам еден допис кој е од министерот за транспорт и врски, Сугарески. Во овој допис Сугарески образложува дека во предметот „Топлик“ нема материјална штета, рече на прес-конференција Тони Менкиноски, претседател на правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година.

Како што наведе претставникот на опозициската партија, дополнително министерот Сугарески образложува дека штетата што е претпоставена од страна на јавното обвинителство нема да ја побаруваат.

И дотолку повеќе, господинот Сугарески во крајната сентенца на неговиот допис наведува дека со постапката што се водела се заштитени имотните интереси и права на Република Македонија, рече Менкиноски.

Тој го искористи пресот да упати порака и прашања до одредени релевантни институции во Република Македонија, кои, како што рече, малтретирале со таканаречени процеси, како што е процесот „Топлик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.