Денешната изјава на Калевска Ванчева е фројдовска грешка која говори дека Заев брза по секоја цена. Земји од регионот и Европа го одложуваат пописот поради пандемијата, а нашата убедливо најкорумпирана и најнеспособна власт е решена по секоја цена да го спроведе.Јасно е дека заев е спремен да направи политичка, а не статистичка операција, со цел да исполни некои нови концесии или платформи за да се очува на власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, оттука целиот процес е завиен во нетранспарентност, воден во скратена постапка во Собранието со злоупотреба на европско знаменце, без позната методологија, насилно и без да се знаат базите и начините врз основа на кои ќе се мечираат податоците и на крајот со политички врзани потписи како врв на политизацијата на оваа статистичка операција.

Заев и СДСМ бегаат од дебата и конструктивните сугестии на опозицијата и експертите, затоа што сакаат да направат политички попис заради спас на политичката кариера на Заев. Никој не верува во попис спроведен од Заев, без консензус на политичките и општествените чинители. Брзањето во епидемија да се направи попис по стандарди на Заев, значи дополнително закопување на државата во криза и поларизација на јавноста.
Повторуваме, доколку власта продолжи во својата намера да спроведе попис по стандардите на Заев, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе отпочне иницијатива на собирање потписи во министерството за правда и како резултат на тоа собирање на потписи и таа иницијатива ќе доставиме предлог закон во Собранието со кој што ќе предвидиме поништување на овој закон кој што по насилен пат се подготвува владејачкото мнозинство да го донесе и за ова повикуваме на масовна мобилизација.
Доколку и покрај тоа и овој предлог закон одлучи владејачкото мнозинство да го игнорира тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае пописот и идните раководители на институции кои што ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис немаат намера да ги почитуваат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.