Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Оливер Спасовски веднаш да се извини и да го суспендира полицаецот кој преку социјалните мрежи му се заканува на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, а во спротивно ќе стане јасно дека тој лично стои зад заканите.

Спасовски веднаш да покрене постапка за прекин на работен однос за инспекторот Шкрета, кој на социјалната мрежа Фејсбук му се заканува на портпаролот на партијата Димче Арсовски.

 

Лица кои се закануваат и шират говор на омраза, не смеат да бидат лицето на МВР.

 

Како граѓаните кои не се истомисленици на Спасовски да се чувствуваат безбедни, кога инспектори, кои се задолжени да ги штитат, ги напаѓаат, доколку демократски искажале став?

 

Ваквите закани и навреди на социјалните мрежи од лица блиски до врвот на власта се директно поттикнати од Спасовски, кој со неказнување го одобрува нивното однесување. Токму затоа мора веднаш да го суспендира заканувачот и да се извини, во спротивно јавноста нема да има сомнеж дека тој лично не стои зад заканите.

 

Заканите и навредите не ви поминуваат. Одговорност веднаш! – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.