Министерството за одбрана  испратило решение за формирање на Комисијата за селекција за унапредување, која единствено ќе ја носи одговорноста за сите незаконски унапредувања.

Во решението се наведува дека: „Се формира Комисија за селекција за унапредување на 68 административни службеници во Министерството за одбрана…“.

Имено, Шекеринска бара да биде формирана комисија која ќе носи одлуки од ваков тип, а нејзините членови се ставаат под директен притисок.

Тоа значи дека членовите на Комисиите мора да бидат екстремно внимателни бидејќи мора да знаат дека сите одлуки се нивна одговорност. Лично тие ќе одговараат за секое незаконско унапредување.

Но, Шекеринска сака нив да им ја наметне одговорноста, па тие не смеат да попуштат под притисокот. Сите членови на комисијата треба да знаат дека при ревизија на процесот тие ќе сносат одговорност пред законот, а не министерката.

ВМРО-ДПМНЕ пак обвинува дека министерката Радмила Шекеринска и СДСМ спроведуваат партизација на администрацијата во одбраната, преку брутално кршење на законите при процесот на унапредување на административните слубеници.

Според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ, комисиите добиле списоци на луѓе кои треба да бидат унапредени.

„Интервјуата кои се дел од процесот на селекција се закажуваат за половина час од кога кандидатот ќе биде известен дека му е закажано интервју, а на многу од нив немало елементарни услови за тоа, бидејќи во просторијата имало во исто време присутни повеќе од еден кандидат. На партиски погодните кандидати прашањата им се доставуваат претходно и истите се известени за тоа од страна на високи функционери во Министерството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука истакнуваат дека комисиите прават се за да не поминат кандидатите кои според партискиот список на СДСМ не се погодни.

„Шекеринска целата одговорност сака да ја фрли на членовите на комисиите за избор затоа што на крај тие ќе треба да го потпишат извештајот од селекцијата“, додава опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите учесници во овој, како што го нарекува, компромитирачки процес да ги почитуваат законите и прописите и во интерес на владеењето на правото да не дозволат нивниот потпис да биде алатка во предизборната кампања на СДСМ.

Ако тоа не биде случај, предупредува ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да се соочат со одговорноста за кршење пропис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.