На четири месеци пред изборите највисок рејтинг меѓу Македонците има ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите на анкетата на ИПИС спроведена во периодот помеѓу 2 и 6 декември 2019 година на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето 28.1% од испитаниците Македонци се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДСМ, за кој својот глас го дале 20.3% од испитаниците МАкедонци.

Споредено во последните 6 месеци, односно јуни – септември и декември, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај електоратот е во стабилен пораст, но очигледен е падот на рејтингот на СДСМ од цели два индексни поени, од 19.5% во јуни на 17.5% во декември.

Кај Албанците се уште е висок рејтингот на ДУИ (20.6%), а веднаш зад неа е Алијансата за Албанците на Села со 14.4%. И понатаму СДСМ е трета опција кај Албанците со високи 7.4%, пред Алтернатива (2%) и Беса (5.8%).

Исто како и за ВМРО-ДПМНЕ, рејтинзите на етничките албански партии во последните шест месеци се стабилни и во благ пораст. Единствен пад е забележан во рејтингот на СДСМ.

Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 % . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.