Постои ли злоупотреба на лековите за медикаментозен абортус, однсоно абортус кој е замена на класичниот абортус по хируршки пат. Оваа дилема ја отворија пациенти, како и вработени на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Тие се обратиле до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ прашуваат:

Колку пациентки оваа година биле третирани со таблетите за медикаментозен абортус?
Дали и кај колку пациентки се појавиле контраиндикации од користењето на овој вид терапија и кои се најчести?
Дали стручниот колегиум на Клиниката го контролира користењето на овие лекови за медикаментозен абортус и доколку го контролира за несаканите реакции да ги објасни на пациентките?
Вработени и пациенти се сомневаат дека воопшто не постои контрола на овие лекови и дека дел од медицинскиот персонал не е доволно обучен за справување со несаканите ефекти од користењето на овие лекови?

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ќе изврши Министерството за здравство и Лекарската комора надзор во Клиниката?

Целта е јасна, да се направи детален увид во користењето на оваа терапија и генералната состојба со цел да прекинат било какви злопупотреби за кои постои сомневања, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.