ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека сите носители на јавни функции треба да направат нарко-тест. На прашањето поставено на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски рече дека се огласува со ставот на ДУИ, за тест на сите носители на јавна функција за консумирање на наркотични средства. Според него тие тоа вчера и го побарале.

„Апсолутно се согласуваме. Мора да се расчистат сите дилеми околу консумирањето на такви наркотични средства. Пратеникот Пaвле Богоевски е носител на јавна функција, и е гласан од граѓаните, односно поддржувачите на СДСМ на тие избори“, рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.