Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција кажа дека партијата нема да ветува чуда и затоа внимателно се одбира што навистина ќе биде раелизирано. Тој истакна дека еден од клучните приоритети кој ќе биде реализиран е чист воздух. ВМРО-ДПМНЕ  се обврза на обнова која ќе донесе здравје, 50 % почист воздух.

Јас нема да ветувам чуда и затоа внимателно одбирам што ќе биде реализирано од работите. Притоа еден од кучните приоритети кој ќе го реализираме е чистиот воздух. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно 50% почист воздух од сега. Тоа зачи намалување на загадувањето минус 50%. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство, и да стане широко рспространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и користење од државните институции како и компаниите кои се загадувачи. Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку за 50 % од сега. Почист воздух за повеќе здравје. Се обрзуваме на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата ветерниот парк. Прв таков во нашата држава. Ветерниот парк Миравци располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност над 100 MW. Планираното годишно производство на електрична енергија е над 300 GWh. Системот за скалдирање на енергија во Ветерниот парк Богданци преку батерија ќе се користи за складирање на електричната енергија во периодите кога има вишоци на произведена енергија. Батеријата со својот капацитет ќе може да напојува околу 6 000 домови во периоди на недостаток на електрична енергија во мрежата. Се обрзуваме на обнова која ќе значи целосна гасификација на медицинските центри кои сега се големи загадувачи. Пред се ова значи гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Под целосна гасификација се подразбира Реконструкција на котларите во болниците и јавните установи со поголема потрошувачка на енергија со цел поставување на когенеративни постројки, истовремено производство на електрична и топлинска енергија). Значи когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа за целосно еко работење на болниците. Се обрзуваме на обнова која ќе значи модернизација на РЕК Битола. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни еко стандарди за маналување на загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење. Се обрзуваме за обнова која ќе донесе нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1 000 добро платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и останатите места, со добри плати. За целиот регион тоа ќе донесе 20 милиони евра обрт годишно и враќање на животот во овој крај. Се обрзуваме на обнова која ќе значи основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергитиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ќе ја зголемиме бирократијата, напротив. Ќе намалиме бирократија и ќе го намалиме бројот на неколку непотребни министерства кои ги чинат граѓаните повеќе пари, но ќе донесеме одлука за основање на ново министерство за енергетика како клучно за развојот на овој стратешки сектор за Македонија. Се обрзуваме да вршиме издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Имено овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стрикно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето. Тоа е проблем на кој се обврзуваме дека макотрпно ќе работиме, зашто здравјето на граѓаните ни е пред се, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.