Добро е ДУИ да каже дали овој нејзин проект е од зелената агенда, или пак од онаа стандардната, кога треба да се краде, да се дефокусира вниманието со политички теми за ширење на национализам, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Добро би било да го објасни Ахмети бенефитот за граѓаните на Липково од споменикот, со оглед на тоа што тамошните жители се иселија во отсуство и бесконечно чекање на инвестиции. Липково чекаше фабрика, а доби уште едно замајување, споменик и лага на ДУИ. Секако ваквите теми и потези предизвикуваат фрустрација на останатите граѓани, и во таков еден случај кога ќе има други чекори, кога некое друго спомен обележје ќе изникне, ДУИ и СДСМ не треба да глумат изненадена страна.

Жално е што Ковачевски и СДСМ останаа неми за активностите на нивниот коалициски партнер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.