Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда.

Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.

Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки.

Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски.

Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.