Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, е пуштен од притвор затоа што се раширија гласини дека ќе „пропее“ за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви.

Откако се раширија гласините, Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави.

 

Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски.

 

Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага?

 

Судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смее да има можност за влијание врз постапката.

 

4 години видовме како Заев го контролира судството и обвинителството. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е! – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.