Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор, велат од партијата.

Потенцираат дека сега не е време, ниту место за партиски политички промоции во време на прогласена кризна состојба и во време на повторно влошување со КОВИД пандемијата во државата.

Наместо парите да се потрошеа за политички забави, власта на СДСМ и ДУИ требаше да ги пренамени во многу по продуктивни и побитни работи за граѓаните и државата во моментов. Можеа парите да ги пренаменат за реконструкција на училишта, водоводни и канализациони мрежи во Полошкиот регион, а можеа и да купат неколку нови противпожарни возила со што би спречиле повторна катастрофа со шумските пожари. Најголемите непријатели на Охридскиот рамковен договор се токму СДСМ и ДУИ со секојдневното пљачкосување на граѓаните, криминалот и тендерите за нивните блиски луѓе и со секојдневните поделби на граѓаните. Парадата денес ќе заврши, парите ќе ги потрошат, славјето ќе помине, а реалноста ќе остане. Младите повторно ќе заминуваат од Македонија, фирми ќе се затвораат, луѓе ќе остануваат без работа заради неспособноста и криминалот на двоецот СДСМ-ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.