Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев – се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали. Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка. Зоран Заев е премиер, во Република Македонија целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени. Изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот. Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем. Замешателството на Заев е главната причина и поради која Јанева беше на слобода со месеци, иако доказите за неа Русковск ги има уште од април. На Јанева и беше оставено простор да го преформатира телефонот, да оди во странство и да влијае врз сведоци. Привилигираниот третман на За другарчињата на Заев како Јанева важат едни правила, а за обичните луѓе други. Вилма Русковска , истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му. Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот – истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.