Власта има намера да го партизира процесот на избор на судии и јавни обивнители, со новиот предлог закон за Академијата за судии и јавни обивнители, обивнува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека СДСМ го злоупотебила европското знаменце за овој Закон со цел да ја скрати собраниската процедура и дека пратеничката група ќе се спротивстави на ова, како што велат, несериозно газење на правната држава.

Најавуваат амандмани на Законот во насока на воведување на мерит систем.

 Власта со овој Закон предвидува дури 70 од вкупно 100 поени, да се собиваат пред Комисијата, по субјективна проценка, во која комисија влијание има министерот за правда. Ова значи дека власта на овој начин до јуни 2020 година планира да избере стотина или повеќе „подобни“ обвинители и судии… Тоа покажува дека на Зоран Заев и на СДСМ не им е битно Македонија во иднина да има професионални и независни судии и обвинители туку подобни кои ќе замижуваат пред нивните криминали и афери – рече пратеникот Зоран Илиоски.

Тој обвини дека наместо меѓународен сертификат за англиски јазик, кандидатите за судии и обвинители полагаат испит од фирма која ја избрал генералниот секретар во владата Рашкоски, а фирмата е на негов куќен пријател чија сопруга работи во Владата преку авторски договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.