Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на поглаварот на Македонската правславна црква Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на сите православни христијански верници во Македонија и во дијаспората, им го честита големиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден.

Денеска е денот кога православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

 

Празнувајќи го Воскресението Христово ги спојуваме верата и традицијата негувана од памтивек каде на Величетврток уште пред изгрејсонце домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. На овој ден ја шириме Христовата порака за љубов, толеранција, човечност и соживот, вредности кои секој човек мора да ги негува и поседува, без оглед на вера, нација и припадност.

 

Токму вербата во себе и почитта кон другите ќе ни помогне да ги надминеме овие тешки мигови и да истраеме во борбата со сите предизвици со кои се соочуваме денес. Само на тој начин, заедно и сплотени ќе создадеме подобро утре и подобра иднина за нас и нашите поколенија.

 

Оттука, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на сите православни верници кои што го прославуваат Христовото воскресение – Велигден им посакува убави празнични мигови поминати со своето семејство и своите најблиски, исполнети со здравје, мир и спокој, радост и бериќет.

 

Христос воскресе!
Навистина воскресе! – се наведува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.