Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски коментирајќи ја тужбата од страна на Александар Кирацовски рече дека е срамно да тужи за  упатени прашања.

Арсовски вели дека  Александар Кирацовски  во некое друго време и со некој друг јавен обвинител кој што нема да биде сервилен на власта, како што е Вилма Русковска на која што треба меѓу другото треба до крајот на животот да и пали свеќа и да се моли за нејзе, немаше да биде во судовите во својство на сведок за случајот „Рекет“ , туку најверојатно ќе беше во некое друго својство.

Уште еднаш сакам да ги повика медиумите, сакам да ги повикам граѓаните да го следат случајот. Сеуште нормално го повикуваме и Кирацовски да ги одговори истите прашања кои што беа поставени претходно. Тоа се добро познати која е неговата  инволвираност во случајот „Рекет“.

Во однос на правосудниот  систем, иако во моментов обвинителството и судството се сервилни кон актуелната власт, верувам дека за многу брзо ќе се смени тоа и граѓаните ќе можат да на некој начин ја најдат својата правда во судовите, наместо како што во моментов се потекнува од „Илинденска бб“, односно од главата на криминалниот октопод, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.