Власта на СДСМ дезертираше и го остави народот на цедило со пожарите. Покажа дека системот не функционира и дека СДСМ има трула власт.

Заев отиде да се слика во Берово, замина, а пожарот продолжи. Така работи владата на Заев, шминкерски, труло, несистемски.

Овој пат таквата опасна неспособност се плати и со животи. Наместо да гасат пожари СДСМ пушташе лажни вести и клевети, затоа што за оваа власт на Заев животите немаат вредност. Наместо со спасување на народот тие се занимаваат со некрофилија и клевети.

Пожарите потврдија дека Владата на Заев е опасно неспособна.

Потребно е собранието итно да расправа за недостатоците на системот и да се лоцира и индивидуалната одговорност за пропустите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.