Со вчерашните кадровски промени на Извршниот комитет ВМРО-ДПМНЕ покажа доблест најпрво да погледне во сопствените редови. ИК има речиси нов нов состав и тоа со квалитетни кадри, препознативи во јавноста. ВМРО-ДПМНЕ на дело покажа има сила за промени наспроти хајката што ја трпи од т.н хотелска коалиција која е контролирана директно од Заев, а дел ги држи и со судските процеси кои се водат против нив.

ВМРО-ДПМНЕ излегува посилна и само таква може да се спротистави на власта и да биде на страната на народот во борбсата против  мафијата.

Но, дали беше така кога СДСМ ги губеше изборите и тоа убедливо.

СДСМ на чело со Заев имаше два порази, во 2014 и 2016 година. Тогаш тој не само што не си поднесе оставка туку и не смени ниту еден од најблиските соработници. Дрскоста одеше дотаму што во 2016 година после Договорот од Пржино и изгубени избори Заев тврдеше дека тој ќе ја формира владата иако во тој момент имаше само 49 пратеници. Така и се случи и Заев стана премиер а во владата ја зеде ДУИ иако за нив велеше дека се криминалци.

Дека Заев едно зборува друго прави докажа и на овие избори. За ДУИ велеше дека ќе одат во опозиција но пак си ги одбра за коалициски партнер.ДУИ пак наместо премиер Албанец доби и повеќе. На Артан Груби му измислија нова функција, прв вицепремиер со право на вето кој веќе да испорачува барања.

СДСМне покажа смелост да направи промени ниту во сопствените редови. Па така во владата останаа добро познатите Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Мила Царовска кои важат за истрошени кадри и се во во функција единствено на Заев.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.