Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, ВМРО-ДПМНЕ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, каде пред почетокот на даде и изјава за медиумите.

На новинарско прашање за тоа дали СОНК и Владата би можеле да постигнат некаков договор, Мицкоски одговори дека ако стратегијата на Владата беше со развлекување на периодот да го намали револтот кај наставниците и вработените во градинките, истата е неуспешна и фрустрацијата станува сѐ поголема.

Денеска продолжуваат преговорите колку што сум информиран. Не знам до каде е ова кое што би требало да изгледа како симулација на преговори. Ако беше целта да се раскине периодот па да се намали револтот кај наставниците професорите и вработените во градинките, ако таа беше стратегијата мислам дека им е неуспешна бидејќи фрустрацијата кај луѓето е сѐ поголема. Но, длабоко во себе посакувам да има добар договор и договор со кој ќе бидат задоволни вработените во училиштата и во градинките. Ние како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги подржуваме нивните барања, поднесовме закон во Парламентот, за за жал владата на СДСМ и ДУИ тоа го одби. Така што тука мислам дека во позадина се кријат некои други работи, но времето ќе ги покаже кои се тие работи, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.