Со иницијатива до Владата – најголемата опозициска партија бара во најскоро време до Законодавниот дом да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предлогот на нивниот лидер, да се изгласа ратификацијата со одложено дејство, по примерот на Црна Гора, го преточи во иницијатива. Со ваквиот чекор според ВМРО-ДПМНЕ треба да се запре евентуално одложување на предвремените парламентари избори.

Ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година.“ – изјави Никола Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ:

На иста бранова должина со најголемата опозициска партија од македонскиот блок е и Алијансата за Албанците. Според претседател на партијата, Зијадин Села – ратификацијата треба да се најде на дневен ред на следната собраниска седница на 11 декември.

Од СДСМ велат дека се против предвремена ратификација, и дека се убедени дека шпанскиот парламент ќе успее да го ратификува протоколот навреме.

За предвремената ратификација на Протоколот ќе одлучува Владата- Собранискиот спикер Талат Џафери веднаш ќе ја препрати до Владата, вели Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на државата пак, Стево Пендаровски, во интервју на ТВ24 вчера изјави дека протоколот за членство во НАТО нашите пратеници може да го ратификуваат и по изборите. Досега Протколот беше ратификуван од 28-земји членки – за Македонија да стане полноправна членка на Алијансата зелено светло се чека уште од Шпанија.

По изборите во ноември, шпанските пратеници вчера се вратија во Парламентот, но и понатаму е неизвесно кога ќе биде формирана новата Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.