ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради, како што велат од партијата или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење.

Од партијата бараат министерот да каже дали има договор меѓу него и обвинетиот.

Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност.
По вакво бегство на убијци на деца министер за внатрешни си дава оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело Спасовски е веќе 5 години да спие.

– И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода.Ваквиот однос на Спасовски ги разнишува безбедносните темели на државата, но и довербата во правната држава и целиот систем – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.