Стево Пендаровски како Претседател на државата соопшти дека ќе доделува мандат за влада спротивно на Уставот по принципот „прв дојден, прв услужен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Пендаровски треба да биде свесен за сериозноста на својата функција.

Наместо да се однесува како претседател на граѓаниите Стево Пендаровски призна дека мандатот е доделен без доказ за мнозинство и е узурпиран. Со што Пендаровски директно овозможи купување на време за непринципиелното купување на гласови на пратеници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По денешната средба на Пендаровски и Мицкоски која траеше околу час и половина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата партија ги замрзнува односите и комуникацијата со Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.