Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат малите партии што се дел од власта да престанат да ја поддржуваат кјриминалната влада предводена од СДСМи ДУИ.

Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ.

 

Криминалната влада на Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат за неколку директорски места во јавната администрација да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал.

 

Како министри остануваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, двајца чинители заради кои сме на врвот на листите за криминал и корупција во светот, а државата наместо Мека за инвестиции, стана Мека на криминалци, кои од тука веднаш добиваат пасош.

 

ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во влада на Ковачевски тие ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита.

 

ЛДП, ДС и ДОМ да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата са гласаат против владата на пиунот Ковачевски – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.