Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Политиката на Заев доживеа дебакл, откако стави се на маса и урна позиции глуми патриот, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Заев стави се на маса, и откако и тоа не беше доволно, и повторно доби ладен туш, сега сака да глуми патриот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата ВМРО ДПМНЕ, се што можеше да се осквернави, Заев осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, и за тоа е виновен лично Заев. Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткана кичма на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.