Режимот не може да се освести од приватната журка и се појави во Кочани дури откако цела држава ја увиде нивната целосна неспособност и незаинтересираност. Зоран Заев и СДСМ се целосно одлепени од реалноста кога во вакви моменти се обидуваат да продава флоскули за повисоки плати на пожарникарите, итна поправка на канадерите или набавка на нови ПП возила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев не разбира дека неспособноста е сега и тука и дека нивните лаги не минуваат. Граѓаните беа оставени сами. Парите и задолжувањата се трошат за непотребни луксузи на власта. Канадерите три години не се сервирани.Противпожарни возила не се набавени, велат од партијата.

Од таму порачуваат дека капацитетите за гаснење пожар се руинирани.

-Денеска СДСМ покажа дека се најлошото за Македонија. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.