Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт. Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека економијата континуирано тоне, а граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.

-Зацрнетата економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.