Фрапирани сме од содржината на снимката која ја емитуваа медиумите, а од која се слушаат сведоштва како братот и зетот на премиерот нарачуваат палење на автомобили, а неговиот братучед диктира кои бизнисмени можат да работат, а кои не, реагираат од опозицијата на денеска објавената аудио-снимка на која извесен Тушникот се фали дека ќе оствари средба со Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на снимките се гледа бандитскиот однос на семејството Заеви кон државата во целост.

Јавното обвинителство наместо да биде цензор за спотови за кампања, подобро би било да почне да си ја врши работата, и веднаш да ги повика на разговор припадниците на семејството Заеви за кои се слуша како во мафијашки стил одлучувале кој има право да работи, а кој не во изминативе 3 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата уверуваат дека, како што велат, бандитизмот кој стана начин на работа во изминативе три години наскоро оди во историјата, а граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.