Нов ден, нов црн биланс во справувањето со коронавирусот. За едно деноноќие се бележат 112 нови заразени и 8 починати. Очигледно дека министерот Филипче премногу време посветува на својот градежен бизнис наместо да се справува со епидемијата и последиците од неа. Светот ќе влезе во вториот бран, а ние уште не се знае дали завршивме и со првиот бран од епидемијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Македонија според Би Би Си е рекордер во регионот по смртност на 100 илјади жители. Филипче вели сè е под контрола, дека живееме во нова нормалност, а секој ден бележиме огромен број заболени и починати. Македонија достигна 17.700 заразени и скоро 740 починати. Уште не почнат вториот бран , а македонското здравство е пред колапс. Но оваа мафија на власт не потфрли само во справувањето со здравствената криза, туку потфрла и во аспектот на економијата и образованието. Економијата е клекната на колена. Македонија има еден од најголемите падови на економијата во споредба со останатите земји, односно БДП за едно тримесечие бележи пад од 12,7%. Долгот на државата за само три месеци е зголемен за нови 1 милијарда евра, а за истиот тримесечен период 40 илјади лица останале без работа, а дополнително уште толку не земаат редовна плата. На ден пред почнувањето на новата училишна година платформата за онлајн настава на министерството за образование не функционира. Владее хаос. Иако го одложија почетокот на училишната година за еден месец дури сега им текна да тестираат платформи, да спроведуваат обуки и да креираат планови. Состојбата во државата е резултат на неспособната власт. Ниту еден систем не функционира, освен системот на организиран криминал и корупција кој овозможува богатење на мафијата на власт и осиромашување на народот, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.