ВМРО-ДПМНЕ нема да ја смени Резолуцијата за црвените линии на Македонија во преговорите за евроинтеграциите, најави денеска Тиммчо Муцунски. Ваква одлука донело раководството на партијата на синоќешната седница на Извршниот комитет, по условот од Заев дека СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата ако го содржи новото име „Република Македонија“, а не негова кратенка или старото име „Република Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати една одлично структуирана Резолуција, да стане предмет на партиски калкулации и пазарења, велат од партијата на Мицкоски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ останува на предложениот концепт за единство на сите политички партии, зад текстот кој е создаден и напишан од врвните научни, образовни и општествени институции МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.Фактот што СДСМ одлучи да го промени својот став по трет пат и да отвора теми кои не се поврзани со содржината на резолуцијата, за жал ги ослабнува позициите на Македонија во било какви идни разговори со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.