ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение до медиумите реагираат дека 1/3 од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид, а тоа, според партијата, значи дека секој 3 тестиран имал Ковид.

Филипче целосно потфрли. Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип, стои во соопштението.

Се додава дека есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема. Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.

Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните, се додава во соопштението.

Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.