Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори и барањата што ги имаат тие како политичка партија:
- А ние нема да си одиме. Нема да си одиме затоа што прво бараме Оливер Спасовски веднаш, нека го посоветува тој кој што застана рамо до рамо со него, знае тој кој е веднаш ќе се препознае веднаш да замине, нека не ја повторува неговата грешка веднаш да замине ради сите нерасчистени убиства ради сиот криминал, ради црниот Вотергејт и затоа мора веднаш да замине и да поднесе неотповклива оставка.
- Како второ неотповиклива оставка од министерот за надворешни работи поради тоа што човекот се срами од сопствената според него искомплексирана нација. А зошто затоа што си ја сака татковината затоа мора да си замине. Затоа што ги навреди чувствата и сентиментот на сопствената нација. Мора веднаш и под итно да си замине
- Трето да престане економското опустошување на Македонија. Веднаш да биде повлечен предлогот за зголемување на даноците во Република Македонија. Веднаш безусловно да биде повлечен и да престане економското опустошување.
- Четврто да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на 30-ти септември за време на референдумот
- Петто да се формира комисија која што ќе ги истражи анализира и преслуша сите разговори снимени од аферата црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски кога повеќе од 2 години биле слушани обвинители судии да не им избегаат од нарачаните судски пресуди и судски одлуки. Да не им избегаат од нарачаните и конструирани обвиненија. Затоа ги слушале 2 години. Се додека не се формира таа комисија нема да престанеме да протестираме.
- Шесто вистинска грижа за здравјето на граѓаните. Веднаш и безусловно продолжување на проектот за гасификација. Не да кратите пари од гасификацијата и да ги пренаменувате во општини каде што вашите градоначалници и градоначалниците од коалиционите партнери ги опљачкале и ги опустошиле додека биле градоначалници. Како што е случајот со општина Тетово, како што е случајот со општина Куманово, како што е случајот со општина Струмица. Туку парите за граѓаните и веднаш продолжување на проектот за гасификација.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.