СДСМ и Ковачевски ќе бидат драматично поразени, ангажираа партиска полиција платена со државни пари да тепа народ кој не го сака Ковачевски. И додека го опколија Мечкин Камен со полиција и партиски тепачи спречија илјадници граѓани да присуствуваат на манифестацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски не дозволи народот да присуствува на манифестацијата на Мечкин Камен, затоа што се плаши од него, па дури носеше со автобуси партиски активисти за да не биде сам на Илинден кога пристапот го ограничи за народот.

Ковачевски избега од народот на Мечкин Камен исто како што бега од референдум и од избори.

 

Одговорност за тепачите на Ковачевски, кои тепаа народ на Мечкин Камен ќе има, но одговорност ќе има и за самиот Ковачевски зошто тој заедно со Пендаровски е главниот организатор на предавствата – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.