Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев. Заев кога добива секогаш народот губи – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ, поврзани со денешниот семакедонски народен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.

Тие ја повикаа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска нека излезе од ѕидините на Бихаќа и да види народ по улиците. Како што велат, тој народ е таму за Уставобранителите, но и поради сите неправди и хаосот донесени од Зоран Заев.

27 април и пресудите потоа се најголемиот срам за Заев, СДСМ и Кацарска судството. Народот си доаѓа по своето, а крајот на мафијата и одговорност потоа ќе дојде многу брзо. ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде со народот и оваа неправда која ја нанесоа Заев и СДСМ нема да ја премолчи – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.