ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита членството во НАТО, што преставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси. Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности, се вели во соопштението од партијата.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжиат да работат и да се борат за овие цели.

Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на кое што се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.