Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска од пред Собранието остави метла и му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и да почне да мете од павле Богоевски кој деновиве е среде скандал поради објавената снимка на која се слуша неговито глас и се поврзува со дрога.

Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист, уште вчера требаше да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание, изјави Стојановска.

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

Следеа многу реакции од јавноста во кои од повеќето се бара оставка. И од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа Заев да му побара оставка, а Богоевски да се тестира за дрога.

Екс дипломатот и аналитичар, Арсим Зеколи пак рече дека сите патишта за бомбите водат кон Заев, додека Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски и порача дека 0,5 или 4,9 гр. марихуана или кокаин, е исто и следи најмалку година затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.