Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат. Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија. Сите останати ги испокрадоа парите преку фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа буџетот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат. Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.

Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.