Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации. Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев. Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси. Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред, соопшти партијата и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради неговата неспособност – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.