ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста повторно обвинува дека вештачки се прикажува дека епидемијата е под контрола, со цел да се оди на предвремени избори.

Опозицијата обвинува дека државата е рекордер во регионот по смртност, а на дното по бројот на тестови за коронавирусот.

Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.

Ова покажува дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки бараат начин како да ја спасат политичката кариера и како да го ублажат престојниот пораз на изборите.

Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители.

Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители.

Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.

При вакви состојби СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Тоа народот ќе го казни, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.